ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ТИНЕКС АПЛИКАЦИЈАТА
1. Општи информации
Што претставува Тинекс апликацијата
Со желба на своите потрошувачи да им обезбеди брз и едноставен начин на информирање за продажната мрежа на ТИНЕКС-МТ, за новините кои ги нуди, за тековните акции и промоции и членство во Поен + програмата за лојалност, ТИНЕКС-МТ разви мобилна апликација.
Преку мобилната апликација на своите потрошувачи ќе им обезбеди подобро потрошувачко искуство, брз и едноставен пристап до информации и можност за користење електронска Поен+ картичка, пристап до информации во реално време, персонализација, вклучително и известувања за акции и новитети релевантни за потрошувачите.
Преку Тинекс апликацијата, потрошувачите ќе имаат можност да ги користат погодностите на Поен + програмата за лојалност, на начин што ќе ја скенираат својата Поен + картичка (истата ќе стане достапна во електронска форма) или со внесување на бакодот од Поен + картичката.
2. Правила и услови за користење на Тинекс апликацијата
Правилата и условите за користење на Тинекс апликацијата (во натамошниот текст Правила) ги вклучуваат условите за користење, како и сите други применливи услови, барања и ограничувања што произлегуваат од корисничкото искуство. Со симнување на апликацијата и регистрирање како корисник, членовите ги прифаќаат правилата, условите, барањата и ограничувањата наведени во овие Правила. Правилата се достапни на Тинекс апликацијата.
2.1. Општи дефиниции
2.1.1. Правилата значат договорни одредби со кои се регулирани условите, правилата и обврските кои произлегуваат со самата регистрација на Тинекс апликацијата и натамошното користење на истата.
2.1.2. Со користење на Тинекс апликацијата корисниците имаат можност да:
се информираат за нови и за постоечките продажни места од Тинекс семејството (локации, работно време, понуди, акции/промоции и сл.)
да учествуваат во Поен+ програмата за лојалност на ТИНЕКС-МТ (членовите на Програмата се стекнуваат со поени и со бенефиции согласно со правилата и со условите за членство во програмата за лојалност). Преку апликацијата корисниците ќе имаат можност да ја дигитализираат Поен + картичката, да ги следат движењата на својата с-ка (поен + картичка) односно да следат собирање/трошење на поени, како и пристап до историја на купувањеи сл. За сите детални информации поврзани со Правилата на Поен + програмата за лојалност, членовите на Програмата можат да се информираат преку Веб страната club.tinex.mk (линк)
да купуваат производи од понудата на КОСМО е-шоп
да приклучат до 5 членови во рамки на апликацијата во Мое Тинекс семејство со можност во реално време да пренесуваат поени во рамки на семејството
2.1.3. Сопственик на Тинекс апликацијата е ТИНЕКС-МТ со седиште на ул.“Васил Ѓоргов“ бр.16/1 мансарда 1, 1000 Скопје, Македонија.
2.1.4. Корисник на Тинекс апликацијата (во натамошниот текст Корисник) е секое физичко лице кое:
има наполнето најмалку 14 години,
се регистрирал на Тинекс апликација
се придржува кон Правилата за користење.
2.1.5. Тинекс апликацијата ги опфаќа следните брендови: сите ТИНЕКС Маркети, Супер Тинекс, Тинекс Деликатесен, Конто маркети, Космо Тинекс дрогерии,Тинекс Хоум, СПОТ, рестораните Daily, игротеката Биг Бенг, кафетериите ToGo, Хотел Квинс и туристичката агенција Травел Солушн.
2.2. Начин на користење на Тинекс апликацијата
2.2.1. До Тинекс апликацијата се пристапува исклучиво со потполнување на формата за најава/регистрација преку Тинекс апликацијата
Корисникот може да ги користи поволностите преку Поен +програмата за лојалност само доколку ја скенира својата постоечка Поен + картичка (или го внесе баркодот од задната страна) или со избирање на опцијата нова картичка аплицира за нова картичка. Повеќе информации за начинот на собирање/трошење на поени може да добиете Веб страната https:// www.club.tinex.mk/ или на следниот линк .
2.2.2. Корисникот може да направи измена на податоците внесени во формата за најава/регистрација, преку промена на податоците од корисничкиот профил на Тинекс апликацијата.
2.2.3. Регистрација
За користење на апликацијата, потребно е корисникот да се регистрира со следниве информации:
Валидна е-пошта
Телефонски број
Лозинка
Име и презиме
Земја и град
Датум на раѓање и пол
Регистрацијата овозможува креирање на личен профил, пристап до функционалностите на апликацијата и програмата за лојалност МојПоен+.
2.2.4. Дозволи во апликацијата
За правилно функционирање на одредени функции, апликацијата може да побара дозволи:
Камера: само за скенирање баркод/QR код од картичката за лојалност.
Локација: за прикажување на најблиски маркети и персонализирани понуди.
Известувања (push): за испорака на пораки и известувања.
Складирање/датотеки: доколку корисникот додава слики или содржина во апликацијата.
2.2.5. МојПоен+ Лојалност
Регистрација во програмата преку апликацијата или скенирање на баркод од картичката.
Апликацијата има пристап до број на картичка, поени и историја на трансакции.
Поени се собираат согласно важечки правила на програмата.
При изгубена картичка, корисникот може да побара нејзино блокирање.
При сомнеж за измама, корисникот е должен веднаш да пријави до Tinex.
2.2.6. Известувања и промоции
Корисникот може да се откаже од промотивни пораки преку линк во пораките или преку поставките во апликацијата.
Трансакциските известувања (на пример, потврди на трансакции или промени на поени) се задолжителни и не можат да се оневозможат.
2.2.7. Трети страни и линкови
Апликацијата може да содржи линкови до надворешни веб-страници или услуги.
Tinex не е одговорен за содржината, безбедноста или политиките за приватност на тие надворешни услуги.
2.2.8. Суспензија и прекин на профил
Tinex може да суспендира или блокира профил доколку се утврди прекршување на овие услови.
Корисникот може во секое време да го избрише својот профил преку апликацијата.
2.2.9. Ажурирање на условите
Tinex го задржува правото да ги ажурира овие Услови за користење.
При значајни промени, корисниците ќе бидат известени преку апликацијата или е-пошта.
2.2.10. Одредби за одговорност
Tinex не гарантира дека апликацијата ќе функционира без прекини, грешки или технички проблеми.
Tinex не е одговорен за директни или индиректни штети предизвикани од неовластена употреба или технички проблеми.
3. Дополнителни информации
3.1. Информации и начин на комуникација
3.1.1. Податоци за ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје
ул.Васил Ѓоргов бр.16/1 мансарда 1 Скопје
Тел: 02/2727501
Веб страна: tinex.com.mk
контакт маил:mcustomer.care@tinex.com.mk
3.1.2. Секој корисник при најава/регистрација на апликацијата наведува е-пошта (e-mail) за комуникација. За уредно известен Корисник ќе се смета секој корисник на кого му е доставена информација на наведената електронска адреса, од страна на ТИНЕКС-МТ.
3.1.3. Корисникот одговара за точноста на податоците на корисничкиот профил на Тинекс апликацијата. Корисникот е должен секоја промена на информациите, да ја ажурира директно на својот профил.
3.2. Прифаќање на условите за користење
3.2.1. Со најава/регистрација на Тинекс апликацијата, корисниците изречно и неотповикливо изјавуваат дека се запознати и дека се согласни со условите за користење на Тинекс апликацијата и дека се информирани дека сносат целосна одговорност за секое непочитување на Правилата.
3.2.2. Корисникот може да престане да ја користи Тинекс апликацијата со едноставно бришење на истата. Со бришење на корисничкиот профил ќе биде деактивирана и Поен + картичката и придобивките кои ги нуди Поен + картичката. По деактивирање на картичката нема можност да се користат поволностите од Поен + картичката, односно неискористените поени нема да бидат достапни.
3.3. Измена на условите и Правилата
3.6.1. ТИНЕКС-МТ има право еднострано да ги смени правилата и условите за користење на Тинекс апликацијата и поволностите кои ги нуди преку
Поен+ програмата за лојалност, без согласност на Корисникот, на начин што ќе ги објави новите услови на Тинекс апликацијата.
3.4. Политика за приватност и заштита на лични податоци
3.4.1. Сите информации добиени од корисниците на Тинекс апликацијата, вклучувајќи ги и нивните лични податоци, ќе бидат третирани согласно со интерните правила на ТИНЕКС-МТ за заштита на лични податоци и соодветните прописи кои се во важност во Република Северна Македонија.
3.4.2. Со прифаќање на условите на Програмата, членовите на Програмата можат да изберат дали ТИНЕКС-МТ да ги користи нивните лични податоци за директен маркетинг (SMS,Viber, push нотификации и/или e-mail) во согласност со законите во Република Северна Македонија.
3.4.3. Со прифаќање на овие Правила, членот на Програмата се согласува неговите лични податоци да бидат регистрирани, зачувани и обработувани согласно со позитивните законски прописи во Република Македонија и интерните правила на ТИНЕКС-МТ.
ТИНЕКС-МТ го задржува правото да ги измени условите за користење на апликацијата, секоја промена ќе биде важечка од моментот на објава на новите услови на апликацијата.
Напомена: Информациите прикажани во апликацијата и/или на веб-страницата (вклучувајќи цени, достапност и промоции) се од информативен карактер. Можно е да постојат отстапувања во однос на информациите евидентирани на касите во продавниците. Во случај на несогласување, валидни се податоците регистрирани на каса. ТИНЕКС го задржува правото на корекција без претходна најава.
Jan 15, 2026, 2:36 PM