1. Собирање на податоци
Апликацијата собира следниве лични и нефизички податоци:
Име и презиме на корисникот
Телефонски број и е-пошта
Податоци за картичката (физичка или дигитална)
Историја на купувања и поени
Информации за семејни групи и трансфери на поени
Податоци за уредот (тип, оперативен систем)
Опционални податоци за маркетинг и известувања (push notifications)
Начин на користење на податоците:
Управување со лојалти програмата
Префрлување и споделување на поени помеѓу членови на семејство
Испраќање на известувања и промоции
Подобрување на услугите и анализа на корисничко искуство
2. Лојалти програма
2.1 Како се добиваат поени
Поените се доделуваат според вредноста на сметката:
МОЈ ТИНЕКС поени се собираат со секое купување во маркетите на Тинекс
• од 0 до 399ден. – 0 поени
• од 400ден. до 599ден. – 60 поени
• од 600ден. до 799ден. – 90 поени
• од 800ден. до 999ден. – 120 поени
• над 1000ден. секои 100ден. сметка = +15 поени
10 ПОЕНИ = 1ДЕН.
2.2 Членство
Членството е бесплатно и се активира преку регистрација во апликацијата
Корисниците можат да поврзат постоечка картичка или да аплицираат за нова
Членството може да се откаже во секое време со бришење на картичката
3. Семејство (група картички)
Може да се креира семејство со максимум 5 членови
Сите членови мора да имаат постоечки профил и картичка (физичка или дигитална)
Членовите може да се префрлуваат и споделуваат поени меѓу себе
Сопственикот на семејството може да брише членови
Членовите можат сами да напуштат семејство и да креираат ново
Еден корисник не може да биде член на повеќе семејства
4. Заштита на податоците
Податоците се чуваат на безбедни сервери
Сите трансакции се криптирани
Податоците не се споделуваат со трети страни без согласност на корисникот, освен кога е законски потребно
1. Контролор на лични податоци
ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје
ул. Васил Ѓоргов, бр.16, влез 1, мансарда 1 (ТЦ Зебра), 1000 Скопје
Даночен број: 4030993244482
Е-пошта: e-shop@cosmotinex.com.mk
Телефон: +389 2 2727 501
2. Офицер за заштита на личните податоци
Име и презиме: ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје
Телефон: +389 2 2727 501
Е-пошта: dpo@tinex.mk
3. Клучни поими
Апликација / Tinex: мобилната апликација што ја користи корисникот.
Корисник: лице кое креира и користи профил во апликацијата.
МојПоен+ (Лојалност): програмата/картичката за лојалност интегрирана во апликацијата.
4. Категории на податоци кои се обработуваат
Контакт податоци: е-пошта, телефон.
Идентификациски податоци: име и презиме, датум на раѓање, пол, земја, град.
Технички податоци: информации за уред, IP адреса, сесии.
Локација: само со претходна согласност на корисникот.
Податоци за лојалност: број на картичка, поени, трансакции.
Лозинка: хаширана и заштитена.
5. Правна основа и цели на обработка
Обработката на лични податоци се врши врз основа на:
согласност на корисникот;
исполнување на договорна обврска (користење на апликацијата);
исполнување на законска обврска.
Цели на обработката:
креирање и верификација на профил, вклучително и активација преку е-пошта;
користење на функционалностите на апликацијата и програмата за лојалност;
испраќање персонализирани понуди и промоции, само со согласност на корисникот;
анализа на користење и подобрување на услугата;
комуникација со корисници (поддршка, известувања);
испраќање маркетинг пораки (е-пошта, SMS, push), само со согласност.
6. Колачиња и локално складирање
Апликацијата користи технологии слични на колачиња и мобилни идентификатори за:
управување со сесии и безбедност;
персонализација на содржината;
анонимна анализа и статистика.
7. Безбедност на податоците
Комуникацијата е заштитена со HTTPS/TLS.
Лозинките се хаширани и заштитени.
Tinex применува соодветни технички и организациски мерки за заштита на податоците.
Пристап до податоците имаат само овластени лица.
8. Чување на податоците
Личните податоци се чуваат додека профилот е активен.
По бришење на профилот, податоците се анонимизираат во рок од 30 дена, освен ако законски се бара поинаку.
9. Автоматска обработка и профилирање
Може да се врши автоматизирана обработка и профилирање за персонализација на понуди, само со претходна согласност на корисникот.
10. Откривање на податоците
Tinex не ги споделува личните податоци со трети страни, освен со надлежни државни органи, согласно закон.
Во други случаи, откривање на податоците се врши само со согласност на корисникот.
11. Возрасна граница
Апликацијата е наменета за лица над 18 години.
Податоците на лица под 18 години, собрани без согласност на родител/старател, ќе бидат избришани.
12. Права на корисниците
Корисниците имаат право на:
пристап, исправка и бришење на податоците;
ограничување или приговор на обработка;
преносливост на податоците;
повлекување на согласност;
поднесување жалба до Агенцијата за заштита на личните податоци: www.dzlp.mk.
13. Измени во политиката
Политиката може да се менува и дополнува.
Корисниците ќе бидат известени за сите промени преку апликацијата или е-пошта.
14. Контакт
Поддршка: e-shop@cosmotinex.com.mk
Правни/DPO: dpo@tinex.mk
Телефон: +389 2 2727 501
Oct 7, 2025, 1:39 PM