ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПРОГРАМАТА
1. Општи информации
Што претставува “Поен + програма за лојалност”?
Со желба на своите лојални потрошувачи да им обезбеди дополнителни погодности и предности, и да ја награди нивната лојалност, ТИНЕКС-МТ ја надгради својата Поен+ програма за лојалност, со воведување на Тинекс апликација. Лојалните потрошувачи собираат поени со купување на производи во продажните места на ТИНЕКС-МТ. Поените потоа можат да се искористат за купување производи од асортиманот на ТИНЕКС-МТ со приложување на Тинекс клуб картичка Поен+ (пластифицирана картичка) или со скенирање на баркодот од Тинекс апликацијата (електронска картичка), согласно правилата и условите за користење на Поен+програмата за лојалност.
Дополнително, корисниците на Поен+ програмата за лојалност имаат ексклузивен пристап до голем број промотивни акции за специјални производи по повластени цени на сите продажни места на ТИНЕКС-МТ.
2. Правила и услови за користење на Поен + програма за лојасност
Правилата и условите за членство во Поен + програмата за лојалност (во натамошниот текст Програмата) и користење на Тинекс клуб картичка Поен+ и Тинекс апликација (во натамошниот текст Правила) ги вклучуваат условите за користење, како и сите други применливи услови, барања и ограничувања што произлегуваат од членството во Програмата. Со зачленување во Програмата, и со нејзино користење, членовите ги прифаќаат правилата, условите, барањата и ограничувањата наведени во овие Правила. Правилата се достапни на интернет страницата www.club.tinex.mk и Тинекс апликацијата.
2.1. Општи дефиниции
2.1.1. Правилата значат договорни одредби со кои се регулирани условите, правилата и обврските кои произлегуваат од членството во програмата за лојалност и истите претставуваат договорен однос помеѓу ТИНЕКС-МТ и членот на Програмата за лојалност;
2.1.2. Преку Поен+ програмата за лојалност на ТИНЕКС-МТ членовите на Програмата се стекнуваат со поени и со ексклузивни бенефиции согласно со правилата и со условите за членство во програмата за лојалност;
2.1.3. Поен+ програмата за лојалност значи Поен+ картичка/Тинекс апликација која е поврзана со сметката на членот на Поен + програмата за лојалност, на која се евидентираат купувањата на членот на Програмата, стекнатите и искористените поени, како и други информации согласно со условите на Програмата;
2.1.4. За сите официјални информации поврзани со Правилата на Поен + програмата за лојалност, членовите на Програмата можат да се информираат преку Веб страната www.club.tinex.mk и на Тинекс апликацијата. Таму можат да најдат корисни информации за проверка на состојбата на сопствените сметки, за информации за тековни промоции, како и други инфомации од Програмата;
2.1.5. Поен значи вредносна единица која се пресметува врз основа на реализираните купувања во согласност со правилата и со условите на Програмата;
2.1.6. Издавач и сопственик на картичките е ТИНЕКС-МТ (во понатамошниот текст Издавач) ул.“Васил Ѓоргов,“ бр.16/1 мансарда 1, 1000 Скопје, Македонија.
2.1.7. Член на програмата за лојалност и корисник на картичките (во натамошниот текст Член на програмата или Корисник) е секое физичко лице кое: (1) има наполнето најмалку 14 години, (2) има целосно и правилно потполнета апликација во електронска форма, и се придржува кон Правилата за користење, (3) членството во програмата не му е привремено или трајно прекинато од која било причина.
2.1.8. Продажно место се сите ТИНЕКС Маркети, Супер Тинекс, Тинекс Деликатесен, Конто маркети, Спот, Космо Тинекс дрогерии,Тинекс Хоум.
2.1.9. Формуларот за пријавување е електронски документ т.е. образец што треба да го потполни правилно и целосно секој потенцијален Корисник.
2.2. Начин на користење на Тинекс клуб картичка Поен+
2.2.1. Пристапување
2.2.1.1. Во Поен+ програмата за лојалност се пристапува исклучиво со потполнување на Апликација во електронска форма преку Тинекс апликацијата или Веб страната www.club.tinex.mk.
Корисникот може да собира/троши поени од моментот на пополнување на електронската форма на Поен + картичката преку Тинекс апликација или Веб страната www.club.tinex.mk
Трошење на поен + поените е можно, доколку корисникот има активна Поен + картичка (пластифицирана или во електронски облик).
Доколку корисникот има пластифицирана Поен + картичка, истата може да ја поврзе преку Тинекс апликацијата, со скенирање на баркодот или со рачно внесување на баркодот и на тој начин ќе има можност истата да ја користи во електронски облик. Корисникот, ќе може да собира/троши поени на било кое продажно место на Тинекс, со скенирање на баркодот од Тинекс апликацијата.
2.2.1.2. Формуларот за пријавување се пополнува исклучиво во електронска форма, до истиот се пристапува преку Тинекс апликацијата или Веб страната www.club.tinex.mk.
При пополнување на електронскиот формулар на страната www.club.tinex.mk, и на Тинекс апликацијата, Корисникот изјавува дека е информиран за Програмата и дека се согласува со Правилата и со условите на Програмата преку потврдување на полето за согласност, наведено во апликацијата.
2.2.1.3. Корисникот изјавува дека податоците што ги има наведено во Формуларот за пријавување се точни и целосни, во случај на промена на податоците обврска и одговорноста за ажурирање на истите е исклучиво на корисникот.
2.2.2. Стекнување поени
2.2.2.1. Секој Корисник на Поен+ програмата за лојалност, има право да добива поени за трансакциите направени на Продажните места. Поени се стекнуваат така што пред купувањето, или во било кој момент пред да биде затворена сметката, Корисникот ќе треба да ја покаже пластифицираната или електронската поен + картичка од Тинекс апликацијата на операторот на каса за да му бидат евидентирани поени.
На касите за самонаплата, Корисникот самиот треба да одбере опција за внес на Поен + картичка , со скенирање на пластифицираната поен + картичка или со скенирање на електронската поен + картичка од екранот на мобилната Тинекс апликација.
2.2.2.2. Стекнатите поени за секоја трансакција се евидентираат на личната сметка на Корисникот, најдоцна во рок од 24 часа од моментот на добивање на поените, освен во случај на технички проблем или планирани зафати за техничко одржување.
Стекнатите поени за секоја трансакција се прикажани на фискалната сметка што ја добива корисникот на Тинекс клуб картичка Поен+ за направената трансакција.
Доколку на фискалната сметка не се регистрирани поени од било која причина, Корисникот треба веднаш да реагира и најдоцна во рок од 24 часа да пополни Потрошувачки приговор согласно правилата објавени на веб страната на Тинекс, линк и да го испрати на мејл адресата: customer.care@tinex.com.mk
Доколку го пропушти предвидениот рок за поплаки, Корисникот го губи правото на поплака за недобиените поени.
2.2.2.4. При плаќање на дел од сумата на сметка со поени, Корисникот добива поени врз основа на артиклите кои носат поени од таа трансакција, како и поени за делот од сметката кој не е платен со поени. При плаќање на цела сума од сметката со поени, Корисникот добива поени само врз основа на артиклите кои носат поени од таа трансакција.
2.2.2.5. Целосна информација за производите со поен+ поени, условите за добивање поени и скалата за пресметување и стекнување поени е достапна на следниот линк www.club.tinex.mk како и во апликацијата во табот “Мојата поен плус картичка – Скала на поени“.
2.2.2.6. Доколку, во согласност со законските прописи, Корисникот врати одреден производ, а за истиот биле впишани поени на неговата лична сметка, истите ќе бидат сторнирани. При делумно плаќање на сметката со поени, нема можност за враќање на поените, ниту враќање на готовина во денарска противвредност на износот платен со поени.
2.2.3. Увид во состојба
2.2.3.1. Корисникот може да направи увид во состојбата на поените преку најава на корисничкиот профил на Тинекс апликацијата и на страната www.club.tinex.mk; како и со приложување на Поен+ картичката во сите Тинекс Маркети, КОНТО маркети, Супер Тинекс, Тинекс Деликатесен, Космо Тинекс дрогериите, Тинекс Хоум, СПОТ.
2.2.3.2. Корисникот може да направи измена на податоците дадени во електронската форма, преку промена на податоците од корисничкиот профил на Тинекс апликацијата.
2.2.4. Користење поени
2.2.4.1. Стекнатите поени имаат номинална вредност за размена еднаква на 1 денар за 10 стекнати поени. (10 поени = 1,00 ден.)
2.2.4.2. Поените од својата лична сметка можат да ги користат само Корисниците на Тинекс клуб картичка Поен+. Вработените во ТИНЕКС-МТ немаат обврска да вршат идентификација на лицата корисници на Тинекс клуб картичката Поен+.
2.2.4.3. Целосна информација за тоа за кои производи и под кои услови Корисникот има право да ги користи стекнатите поени е достапна на www.tinex.com.mk, www.club.tinex.mk и Тинекс апликацијата.
2.2.4.4. Поените се користат така што при плаќање, корисникот го информира
операторот на Продажното место дали ќе ги користи стекнатите поени при
плаќањето или на самонаплатните каси ја избира опцијата за плаќање со поени. Личната сметка на корисникот при таа продажба се намалува за износот колку што корисникот користи поени. Корисникот со стекнати поени може да плати дел од вредноста на сметката или вредноста на целата сметка. Поените за плаќање може да се користат со скенирање на поен + картичката (пластифицирана или електронска).
2.2.5. Ограничувања
2.2.5.1. Поени не можат да се стекнат за делот од сметката платен со поени од Поен+ картичката т.е платениот износ на делот од сметката со поени не влегува во основица за добивање на нови поени.
2.2.5.2. Поените не можат да се заменат за готовина.
2.2.5.3. Поените можат да се подарат, да се префрлат или на друг начин да се направат достапни за користење за друго лице, кое е член на “Мое Тинекс семејство”. Преку Тинекс апликацијата, корисникот има можност да формира “Мое Тинекс семејство” кое може да брои најмногу 5 корисници на лојални картички. Овие членови имаат можност помеѓу себе да префрлаат и подаруваат поени. Еден корисник на картичка може да покани уште 4 корисници во “Мое Тинекс семејство” и истиот може и да ги избрише или самите корисници можат да се избришат. Корисникот може да биде член само на едно “Мое Тинекс семејство” а не може истовремено да биде член и во друго “Мое Тинекс семејство”.
3. Дополнителни информации
3.1. Информации и начин на комуникација
3.1.1. Податоци за ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје
ул.Васил Ѓоргов бр.16/1 мансарда 1 Скопје
Тел: 02/2727501
Веб страна: tinex.com.mk
Веб страна на Програмата: www.club.tinex.mk
Е-пошта: customer.care@tinex.com.mk
3.1.2. За официјален начин на комуникација во Поен + програмата за лојалност ќе се смета комуникацијата по писмен пат или по електронска пошта. Секој корисник при пристапувањето наведува е-пошта (e-mail) за комуникација. За уредно известен Корисник ќе се смета секој корисник на кого му е доставена информација на наведената електронска адреса, од страна на ТИНЕКС-МТ.
3.1.3. Корисникот одговара за точноста на податоците на сопствената Тинекс Поен+ картичка внесени преку електронската форма за пријавување. Корисникот е должен за секоја промена на информациите, истите да ги ажурира преку Тинекс апликацијата или cwww.club.tinex.mk.
3.3. Прифаќање на условите за користење
3.3.1. Со пристапувањето кон Поен+ програмата за лојалност, корисниците изречно и неотповикливо изјавуваат дека се запознати и дека се согласни со условите за користење на картичките и дека се информирани дека сносат целосна одговорност за секое непочитување на Правилата.
Во преодниот период до целосна замена на пластифицираните картички со нивната електронска верзија (достапна преку Тинекс апликација), корисниците на лојалната програма ќе можат да ги користат и 2-та вида на картички (пластифицирани и електронски).
3.4. Губење или злоупотреба на картичките
3.4.1. Губењето на пластифицираната Тинекс клуб картичка Поен+ треба веднаш да се пријави во најкраток рок на customer.care@tinex.com.mk или изгубената картичка да се деактивира со избирање на опцијата ʺОтстрани картичка од профилʺ во рамки на апликацијата.
3.4.2. Евентуалната штета направена до моментот на пријавување на губењето на картичката паѓа на товар на Корисникот.
3.4.3. Во случај пластифицираната Тинекс клуб картичка Поен+ картичка да биде изгубена, на барање на Корисникот, а со цел да се избегне злоупотреба на стекнатите поени од друго лице, картичката ќе биде блокирана. Нова картичка корисникот ќе може да активира преку Тинекс апликацијата, а собраните поени од изгубената картичка ќе му бидат пренесени на новата сметка откако Корисникот ќе пријави промена на картичка на customer.care@tinex.com.mk. Изгубената картичка останува неактивна и салдото со поени се сведува на нула.
3.4.4. Доколку најдете Тинекс клуб картичка Поен+, Ве молиме да пријавите на мејлот customer.care@tinex.com.mk или да ја оставите во некое од продажните места на ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје.
3.4.5. Корисникот на картичката е одговорен за одржување на картичката во добра состојба.
3.4.6. Во случај Тинекс клуб картичка Поен+ (пластифицирана) да биде изгубена, корисникот не ги губи стекнатите поени доколку веднаш пријави дека Тинекс клуб картичка Поен+ (пластифицирана) картичката е изгубена.
3.4.7. Неовластеното користење, умножување и дистрибуција на картичката е кривично дело и се казнува според закон.
3.5. Престанок на членството
3.5.1. Корисникот може да престане да учествува во Поен + програмата за лојалност на сопствено барање или може да биде еднострано исклучен од Поен+ програмата за лојалност од страна на Издавачот, доколку не се придржува до правилата за користење.
3.5.2. Корисникот по сопствено барање може да престане да учествува во Поен + програмата за лојалност со деактивирање на картичката со избирање на опцијата ʺОтстрани картичка од профилʺ во рамки на апликацијата.
3.5.3. При отстранување на картичка од профилот, картичката се деактивира и картичката во оваа фаза е неактивна.
3.5.4. При повторно додавање на картичката, активирањето се врши автоматски, а новопоставените податоци (име, презиме и сл.) се доделуваат при самото додавање.
3.5.5. При целосно бришење на профил во апликацијата, пред да се избрише профилот, задолжително е прво да се деактивира картичката.
3.5.6. Во случај Корисникот да престане да учествува во Поен + програмата за лојалност, ги губи стекнатите неискористени поени.
3.6. Измена на условите и Правилата
3.6.1. Издавачот има право еднострано да ги смени правилата и условите за
Поен+ програмата за лојалност, без согласност на Корисникот, објавувајќи ги новите услови на веб страната на Тинекс, www.club.tinex.mk и Тинекс апликацијата.
3.6.2. Издавачот има дискреционо право да не му издаде картичка на секој
потенцијален корисник, без обврска да го образложува тоа, како и привремено или трајно да му ја блокира или да му ја одземе Тинекс клуб картичката Поен+.
3.6.3. Издавачот има дискреционо право, на секој Корисник, привремено или трајно да одбие да му додели поени, да му забрани пристап до поените или да одбие користење на поените без објаснување.
3.7. Престанок на Поен+ програмата за лојалност
3.7.1. Издавачот го задржува правото да ја прекине Поен+ програмата за лојалност со претходно известување по е-пошта или на својата веб страна.
3.8. Политика за приватност и заштита на лични податоци
3.8.1. Сите информации добиени од членовите на Програмата, вклучувајќи ги и нивните лични податоци, ќе бидат третирани согласно со интерните правила на Издавачот за заштита на лични податоци и соодветните прописи кои се во важност во Република Северна Македонија.
3.8.2. Со прифаќање на условите на Програмата, членовите на Програмата можат да изберат дали Издавачот да ги користи нивните лични податоци за директен маркетинг (SMS, Viber, push нотификации и/или e-mail) во согласност со законите во Република Северна Македонија.
3.8.3. Со прифаќање на овие Правила, членот на Програмата се согласува неговите лични податоци да бидат регистрирани, зачувани и обработувани согласно со позитивните законски прописи во Република Македонија и интерните правила на Издавачот.
3.9.Судска надлежност
Корисникот и Издавачот ќе се обидат да ги решат сите спорни прашања спогодбено, а доколку тоа не е можно, Основен Суд Скопје ќе биде надлежен суд.
Jan 15, 2026, 1:04 PM